ИнтернационалциФудбал

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е нов тренер на Етникос Ахна

Сподели
ФОТО: instagram Ethnikos Achnas FC
Сподели

Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски – познат како Мрме – ја продолжува својата тренерска кариера со нов предизвик во Кипар. Тој е именуван за нов тренер на прволигашот Етникос Ахна, клуб кој во својата историја често бил поврзуван со македонскиот фудбал.

Во Етникос низ годините настапувале 17 македонски играчи, а особено значајна улога имаше голманот Мартин Богатинов кој со 175 настапи остана запаметен како клупска легенда.

За 49 годишниот стратег ова е четврти клуб во кариерата и трет интернационален ангажман. Тренерската караиера ја започна во Работнички, каде остави најдлабока трага, а потоа како селектор ја водеше Македонија на историското Европско првенство во 2021 година. По тоа следуваа пократки, но помалку успешни епизоди во хрватска Горица и казахстански Каспиј.

Кипарскиот клуб официјално го претстави преку своите канали и потврди дека прв асистент на Ангеловски ќе биде Милан Илиевски – долгогодишен негов соработник кој беше дел и од стручниот штаб на репрезентацијата.

Со оваа нова соработка, Етникос Ахна очекува стабилност и напредок во лигата, а Ангеловски добива нова можност да ја зацврсти својата позиција меѓу македонските тренери со европско искуство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!