Ракомет

ТАБЕЛА: Вардар е осамен лидер, Охрид израмнет со шампионот, Радовиш е на дното без бодови – но го има најдобриот стрелец во Суперлигата!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По пет одиграни кола екипата на Вардар е на врвот во Суперлигата со десет бодови на своето конто два повеќе од Алкалоид кој е втор и Бутел кој е трет. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е на четвртата позиција со седум бодови на своето конто, а толку има и Охрид кој се наоѓа на петтата позиција.

На шестата позиција или последното место кое води кон плеј-офото е Пролет со шест бодови на своето конто, со учинок од три победи и два порази.

По четири бодови имаат Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп кој го делат седмото место, а пак Тиквеш е на деветтата позиција со два бодови, а кавадаречкиот тим кој не тргна според планот во новата сезона има учинок од една победа и четири порази.

По два бодови имаат и екипите на Куманово и Струга, а на дното без бодови останува „фенерџијата“ Радовиш, откако радовишани во петтото коло го загубија дербито за прво бодови со стружани.


Ако е за утеха Радовиш го има најдобриот стрелец тоа е Здравко Постолов со 35 погодоци, а таков толку погодоци има и Денис Шабановиќ од Прилеп, со тоа што Постолов има подобар ефект – 35 погодоци од 41 бод, а пак Шабановиќ има ефект 35 гола од 45 обиди.

На третото место на листата на најдобри стрелци е Димитар Димитриоски од Прилеп со 31 гол.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 Вардар 1961 5 5 0 0 166 128 +38 10
2 Алкалоид 5 3 2 0 163 123 +40 8
3 Бутел 5 4 0 1 149 136 +13 8
4 Еурофарм Пелистер 5 3 1 1 171 132 +39 7
5 Охрид 5 3 1 1 144 114 +30 7
6 Пролет 62 5 3 0 2 130 136 -6 6
7 Еурофарм Пелистер 2 5 2 0 3 132 152 -20 4
8 Прилеп 5 2 0 3 148 179 -31 4
9 Тиквеш 2014 5 1 0 4 111 123 -12 2
10 Куманово 5 1 0 4 140 146 -6 2
11 Струга 5 1 0 4 115 173 -58 2
12 Радовиш 5 0 0 5 127 154 -27 0


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!