Ракомет

Пролет и Бутел со нови победи во Суперлигата – се подготвуваат за директен дуел

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во петтото коло од македонската ракометна Суперлига, екипите на Пролет и Бутел Скопје впишаа важни победи, со што го најавија нивниот меѓусебен дуел во следната рунда.

Пролет во „Македонско Сонце“ славеше над Куманово со 24-22, триумф кој значи дека скопјани и натаму остануваат максимални на домашен терен. Натпреварот беше исполнет со пресврти и неизвесност до самиот крај. Домаќините во второто полувреме стигнаа до водство од 20-15, но Куманово успеа да се врати и да ја намали разликата. Во финишот сепак пресуди пеналот на Давор Палевски и голот на Стоилевски за конечна радост на скопјани. Андоновски, Палевски и Стојановски постигнаа по пет голови, додека кај гостите прв стрелец беше Стојков со шест.

Бутел Скопје пак на свој терен беше убедлив против вториот тим на Еурофарм Пелистер, совладувајќи го со 36-29 и стигнувајќи до четвртиот триумф во првенството. Момците на Кузманоски ја обезбедија победата уште во првиот дел, кога заминаа на пауза со водство од 20-15. Лидер во триумфот беше голманот Трајкоски со 15 одбрани, а во нападот Николов постигна 11, а Субашевски осум голови. Кај битолчани се истакна Азиз со 11 погодоци, додека голманот Фехми имаше 12 интервенции.

Со новите победи, и Пролет и Бутел остануваат во горниот дел на табелата, а нивниот меѓусебен дуел во следното коло во Скопје ветува возбудлива пресметка за нови бодови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!