Ракомет

ВИДЕО: Алкалоид буквално го „распадна“ Прилеп во Автокоманда!

Сподели
Сподели

Алкалоид уште еднаш ја демонстрира својата доминација на домашната сцена, откако во рамките на петтото коло од Суперлигата оствари убедлив триумф над Прилеп со резултат 47-21. За тимот предводен од Кирил Лазаров ова е најубедливата победа во досегашното суперлигашко учество.

„Фармацевтите“ уште од самиот старт го наметнаа своето темпо и на полувреме заминаа со двоцифрена предност од 23-10. Во вториот дел продолжија со висок ритам, користејќи ја широката ротација и агресивната одбрана, па до крајот само ја зголемуваа разликата. Најефикасен стрелец беше Емилијан Ѓоргоски со осум погодоци, а меѓу најзаслужните за убедливиот резултат беше и голманот Марко Кизиќ, кој запиша десет интервенции.

Кај Прилеп најдобри стрелци беа Денис Шабановиќ со четири од четири, а пак Божидар Лековиќ имаше четири погодоци од седум обиди.

Со оваа победа Алкалоид ја запиша својата трета победа во сезоната. Во следното коло тимот гостува во Куманово, додека Прилеп ќе има задача за поправен впечаток на домашен терен против Струга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!