Трета лигаФудбал

ФК Рудар започна со продажба на официјални дресови – поддршка за зелено-црната фамилија

Сподели
Сподели

Третолигашот ФК Рудар 1947 од Пробиштип ја израдува својата навивачка армија со нова акција – започна продажбата на официјални фудбалски дресови. Со купувањето на дресовите, секој симпатизер не само што ќе го носи симболот на клубот, туку и директно ќе придонесе за растот и развојот на својот тим.

Покрај дресовите во зелено-црна комбинација, секој навивач добива и клубска картичка за лојалност. „Твојот клуб, твојот град, твојата сила“ е мотото со кое Рудар ја започна оваа иницијатива, повикувајќи ја публиката да биде „12-ти играч“ на тимот.

Заинтересираните дресови може да ги нарачаат преку порака на официјалните канали на клубот или на телефонскиот број +389 78 300 260.

Рудар по една година пауза се врати во Трета лига – Исток, а по првите четири кола има учинок од две победи, едно реми и еден пораз. Со освоени седум бодови, пробиштипскиот клуб го дели четвртото место на табелата заедно со Карбинци.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!