Ракомет

Младост Богданци го доби дербито против Вардар Неготино во преполната „Млаз“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во вистински ракометен спектакл, Младост Богданци славеше со 31-28 против Вардар Неготино во дербито на третото коло од Првата лига. Атмосферата во салата „Млаз“ беше неверојатна – секое седиште беше зафатено, а дел од публиката бараше место повеќе во салата, што уште еднаш ја потврди страста на Богданци кон ракометот.

Натпреварот понуди многу возбудувања и динамика. Гостите од Неготино се држеа добро до средината на првиот дел, но домашните преку серија на голови успеаја да се одлепат и да заминат на полувреме со водство од 16-12. Во продолжението Вардарци се доближија на само два гола негатива (20-18), но искуството на Младост и сигурните одбрани на голманот Горан Паунков ја вратија иницијативата кај домаќините.

Клучен играч во нападот беше Даниел Андоновски со 10 погодоци, а поддршка му дадоа неговите соиграчи кои одиграа тимски и борбено. Кај Вардар Неготино најдобар стрелец беше Драган Кузманов со 7 гола, додека Мице Шилегов постигна 6.

Оваа победа е втор последователен триумф за Младост по три одиграни кола, а успехот има уште поголемо значење ако се знае дека тимот го води познатиот стратег Горан Андоновски. Од другата страна, Вардар Неготино, предводен од македонската ракометна легенда Пепи Манасков, покажа квалитет, но немаше сили за целосен пресврт.

Во следното коло, Младост ќе гостува кај Македонија ЃП, додека Вардар Неготино ќе биде домаќин на Јехона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

55. „Златен гонг“ успешно реализиран, три бронзи за македонските боксери

Јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ успешно се одржа од 13 до 15 ноември во салата „Расадник“ во скопската општина...

Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во вечерашната пресметка од четвртото коло во Европската лига на ЕХФ. Битолчани...

Поврзани написи
Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во...

Ракомет

Охрид сигурен во Кавадарци – убедлива победа пред европскиот предизвик!

ГРК Охрид продолжува со победничкиот ритам во домашното првенство. „Гладијаторите“ на гостувањето...

Ракомет

Вардар Неготино како „експресен воз“ го „прегази“ Радовиш, Македонија Ѓорче Петров со голема победа го „тресна“ Пролет

Деветтото коло од Првата ракометна лига во машка конкуренција донесе пет гостински...

Ракомет

Сите патишта водат кон „Млаз“ – Богданци и целиот Југоисток се обединуваат за првата победа на Младост!

Во сабота, Богданци повторно ќе живее за ракометот! Легендарната сала „Млаз“ се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!