Денес се одиграа седум од осумте натпревари од шестото коло во Втората македонска фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со дербито меѓу Тетекс и Беласица.
Најубедлив беше тимот на Охрид, кој на гости го декласира Вардар Неготино со 1-5. За „рибарите“ Иван Глигоров одново беше стрелец, двапати погоди Ерен Парталко, а по еден гол постигнаа Емил Скоко и Ангел Крстески. За домашниот тим единствен стрелец беше Димитар Јанкулов.
Во Штип, Брегалница со головите на Давид Калпачки и Дамијан Масевски славеше со 2-0 против Преспа од Ресен.
Детонит Плачковица пак извојува минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Осогово во Кочани со голот на Филип Ѓорѓиевски во 77. минута.
Шкендија Арачиново на свој терен ја совлада Слога Виница со 2-1. По само две минути на Чаир резултатот го отвори Амир Нухија за 1:0, а во 16. минута Никола Талески израмни на 1:1. Во вторито дел Кристијан Чурлинов постигна гол за конечните 2:1 со што тимот од Виница впиша нов пораз.
Кожуф и Скопје одиграа реми со по еден гол (1-1). Дарко Стојанов си постигна автогол во 57. минута, а во 82. минута новото засилување искусниот Николче Шаркоски постигна гол за 1:1 и со тоа беа поделени бодовите.
Без голови заврши дуелот меѓу Новаци и Каменица Саса (0:0).
Посебна радост имаше за Победа, која на домашен терен славеше со 1-0 над Големо Коњари, нанеувајќи му нов пораз и оставајќи го тимот без бодови на дното од табелата. Стрелец на победничкиот гол беше Игор Ѓорѓиев.
Колото ќе биде комплетирано утре, кога Тетекс ќе ја пречека Беласица во Тетово.