Ракомет

Ракометна еуфорија во Битола: Пелистер пред дуел со данскиот шампион

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Еурофарм Пелистер вечерва ќе ја пречека екипата на ГОГ Гудме во рамки на Лигата на шампионите. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ започнува во 20:45 часот, а Битола е подготвена за уште една ракометна фешта.

Пелистерци ја отворија сезоната со победа над Загреб и одлична игра против ПСЖ во Париз, што внесува голем оптимизам пред дуелот со данскиот тим. Составот на Рубен Гарабаја ќе биде комплетен – голманот Саид Хеидарирад е подготвен за настап.

ГОГ Гудме во воведните две кола претрпе порази од Барселона и ПИК Сегед, но најавува дека е решен да му создаде проблеми на македонскиот вицешампион во жешката атмосфера во Битола.

Навивачката група „Чкембари“ ќе го одбележи својот 40-ти роденден со големо шоу на улиците и трибините.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!