Ракомет

Ѓукиќ: ,,Очекуваме голема борба и се надеваме дека ќе ги однесеме двата бода во Охрид !“

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

По натпреварот со Вардар во Скопје, ракометарите на Охрид ги очекува ново гостување. Овојпат противник ќе им биде повратнинкот во Супер Лигата- екипата на Еурофарм Пелистер 2, а натпреварот ќе се игра во сабота, во Битола.

Десното крило на охридскиот тим- Дарко Ѓукиќ,  за Спортска Мрежа, го најави претстојниот предизвик на Охрид. Тој истакна дека натпреварот ќе биде тежок, против квалитетен противник и очекува голема борба на теренот.

„Мислам дека ќе биде тежок натпревар и дека треба да покажеме од самиот старт дека сме фаворити на тој меч. Еурофарм Пелистер 2 покажа дека има квалитет, и ако не влеземе 100% во натпреварот, нема да ни биде лесно. Очекуваме голема борба и се надеваме дека ќе ги однесеме двата бода во Охрид.“ – изјави Ѓукиќ.

Натпреварот е закажан в сабота, во салата „Боро Чурлевски“ и ќе започне во 18:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!