КупФудбал

Куп на Македонија: Детонит Плачковица и Охрид во четвртфиналето!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денеска се одиграа два возбудливи натпревари од осминафиналето на Купот на Македонија, а големото изненадување беше на “Билјанини Извори”.

Во Струмица, Детонит Плачковица со минимални 0:1 ја совлада Беласица. Херој на тимот од Радовиш беше Иван Галевски, кој уште во третата минута го постигна единствениот погодок на мечот и го водеше својот клуб кон заслужен пласман во четвртфиналето.

Најголемото изненадување сепак дојде од Охрид, каде домашниот тим го елиминираше прволигашот Шкупи со убедливи 3-0. Иван Глигоров блескаше со два погодоци, а еден гол постигна и искусниот Антонио Калановски, со што охриѓани приредија вистинска сензација.

Со овие резултати, Детонит Плачковица и Охрид обезбедија место во четвртфиналето, па сега ќе се чека на останатите патници за следна фаза од Купот.

Осминафиналната програма продолжува во октомври:

На 8 октомври Шкендија Арачиново ќе го пречека Пелистер.

На 15 октомври следува дербито меѓу Шкендија и Тиквеш.

На 29 октомври ќе се одиграат четири дуели: Башкими – Силекс, Македонија ЃП – Струга, Работнички – Брегалница и Вардар – Новаци.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!