Останато

Македонската тениска репрезентација против Кипар во Дејвис купот 2026

Сподели
ФОТО:ТФМ
Сподели

По историската промоција во Втората светска група на Дејвис купот оваа година, македонската тениска репрезентација го доби својот прв противник за 2026 година. Македонија ќе гостува кај селекцијата на Кипар, а мечевите ќе се одиграат на 6 и 7 февруари или 7 и 8 февруари 2026 година.

Нашиот тим беше извлечен од групата на неносители, додека Кипар беше рангиран како 13-ти носител од вкупно 13 екипи. Ова воедно ќе биде и единствениот дуел во кој ќе се сретнат европски селекции.

Досега, Македонија и Кипар се сретнале три пати, при што билансот е 2:1 во победи за Кипар. Сите тие дуели беа одиграни во рамки на Третата Евро-африканска зона.

Ждрепка – Втора светска група, Дејвис куп 2026:

  • Кипар – Македонија

  • Нигерија – Узбекистан

  • Република Ирска – Сирија

  • Јамајка – Уругвај

  • Пакистан – Сенегал

  • Барбадос – Боливија

  • Доминиканска Република – Летонија

  • Грузија – Бермуди

  • Јужна Африка – Црна Гора

  • Бенин – Ел Салвадор

  • Намибија – Естонија

  • Индонезија – Того

  • Тајланд – Порторико

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани...

Ракомет

Мулти Есенс го преживеа Младост и со тесен резултат обезбеди борба за бронза на турнирот во Прилеп

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!