Останато

Голем успех за македонскиот велосипедизам: Јовче Даскаловски вицешампион во даунхил Бугарија

Сподели
ФОТО: facebook Jovche Daskalovski
Сподели

На Балканскиот шампионат во планински велосипедизам во дисциплината даунхил, кој викендов се одржа во Бугарија на една од најтешките и најпредизвикувачки патеки на Балканот – „Витошкото лале“, македонскиот велосипедист Јовче Даскаловски забележа одличен настап и оствари голем успех.

Битолчанецот се закити со второ место во Мастерс категоријата, а во генералниот пласман успеа да се пробие на 23. позиција од вкупно 172 учесници, што е значаен резултат со оглед на силната конкуренција и тежината на патеката.

Со овој пласман Даскаловски уште еднаш докажа дека е меѓу најдобрите во регионот, а воедно и Македонија доби силна претстава на овој престижен балкански настан. Зад успехот стои и посветената работа на неговиот клуб Extreme Bike Team Bitola, кој континуирано вложува во развојот на планинскиот велосипедизам и во подготовките на своите натпреварувачи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!