Прва лигаФудбал

Струга ТЛ со триумф во Кратово, Брера со пресврт до нови бодови

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Возбудливо седмо коло во Првата македонска фудбалска лига. Струга Трим Лум и Брера Струмица извојуваа значајни победи во дуелите против Силекс и Арсими.

Во Кратово, во вистинска фудбалска ревија, Струга ТЛ славеше со 1:3 против Силекс. Гостите од Струга уште во 8. минута поведоа преку Компаоре, а во 33. минута Мемедриза Хамза со атрактивен слободен удар го зголеми водството. Домашните успеаја да се вратат во 41. минута преку Хрвановиќ, кој намали на 1:2.

Во вториот дел Силекс имаше неколку големи шанси за израмнување, но одбраната и голманот Анџелети беа на висината на задачата. Точката на триумфот ја стави младиот Зенку во судиското надополнување, за конечни 1:3. Со оваа победа, Струга ТЛ се врати на лидерската позиција во ПМФЛ заедно со Вардар.


Во Струмица, Брера ја запиша својата втора сезонска победа совладувајќи го Арсими со 2:1. Гостите поведоа во 34. минута преку Армин Бесагиќ, но домашните израмнија пред полувремето, кога Стефан Наумчески беше највисок по еден корнер и погоди за 1:1.

На стартот од второто полувреме, Миле Тодоров со прецизен удар ја донесе Брера во водство од 2:1. До крајот на натпреварот Арсими се обидуваше да израмни, дури и постигна гол кој беше поништен поради офсајд, но бодовите останаа во Струмица.

Со триумфите, Струга ТЛ и Брера ги зацврстија своите позиции – стружани во самиот врв, а струмичани во средината на табелата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!