Младински фудбалФудбал

ФФМ предупредува: Некои клубови им наплаќаат на родителите за бесплатната опрема!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска реагираше со остро соопштение откако доби информации дека поедини клубови им наплаќаат на родителите за спортската опрема која им беше донирана за младинските категории.

Од Куќата на фудбалот потсетуваат дека донацијата е целосно бесплатна и таа мора да биде распределена исклучиво за младите фудбалери.

„Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна.

ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!

Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата.

Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ.

Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите.

На линкот https://shorturl.at/VhpiK се наведени сите клубови кои ја добија оваа донација.

ФФМ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе реагира соодветно за да ја заштити секоја млада генерација“, се вели во соопштението од ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!