Прва женска фудбалска лигаФудбал

ТАБЕЛА: Љуботен е најдобриот тим во ПЖФЛ, Кочани е на дното, Вардар се прилагодува на елитата!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По шест кола во Првата женска фудбалска лига време е за првата посериозна лупа и детален преглед на самата табела. Љуботен успешно чекори кон одбраната на титулата, а тимот од Тетово веќе има максимални 18 бодови на своето конто, а притоа го има најдобриот напад со 30 постигнати погодоци и само два примени со што ја има најдобрата одбрана.

Скопје е втор со 15 бодови, а пак Ас Јунајтед од Струга е на третата позиција со 13 бодови на своето конто, додека пак Тиверија Брера има 12 бодови и се наоѓа на четвртото место.

Истатов е на петтото место со девет бодови и втор најдобар напад кој реализирал 22 погодоци, а пак Каменица Саса која има ист број на бодови се наоѓа на шестото место. Веднаш пресек на табелата на екипите кои ќе водат тешка борба за опстанок во елитата.

Топ Гол е на седмата позиција со четири бодови, а толку има и Вардар, Речица е претпоследна или во бараж зоната за опстанок со три бодови, а на дното е Кочани со само еден освоен бод.


Љуботен има шест од шест, а Кочани е единствениот тим кој не се израдувал на победа, шампионот Љуботен е единствениот тим кој нема пораз, а пак Топ Гол, Вардар и Речица имаат најмалку победи – само една.

Љуботен е статистички најдобар тим по шест кола во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција, а Каменица Саса засега разочара на стартот од новата сезона, пред се затоа што во Македонска Каменица се градеше тим за титула.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 6 6 0 0 30 2 +28 18
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 6 5 0 1 15 5 +10 15
3 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 6 4 1 1 20 3 +17 13
4 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 6 4 0 2 12 8 +4 12
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 6 3 0 3 22 11 +11 9
6 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 6 3 0 3 14 7 +7 9
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 6 1 1 4 6 10 -4 4
8 ЖФК Вардар 2023 6 1 1 4 1 35 -34 4
9 ЖФК РЕЧИЦА 6 1 0 5 9 23 -14 3
10 ЖФК КОЧАНИ 6 0 1 5 3 28 -25 1

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!