Втора женска фудбалска лигаФудбал

Порече до убедлива победа, Конзули го доби дербито во Охрид, радост за Слободен

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна писмена согласност | АРХИВА
Сподели

Вчера, беа одиграни натпреварите од второто коло на Втората женска фудбалска лига, а на трите натпревари беа постигнати 13 погодоци.

Најмногу имаше во Охрид, каде фаворитот Конзули од Битола со 1:5 славеше над Билјанини Извори.

Победата беше најавена уште во првиот дел кога гостинот од Битола имаше 0:4, а во вториот дел само рутински го реши мечот.

Мелица Милица Димитриоска беше двоен стрелец, а двапати погоди и Тамара Нешковска, додека пак Емилија Трајкоска од домашниот тим си постигна автогол.

За Билјанини Извори стрелец на единствениот гол постигнат во 54. минута за ублажување на поразот беше Марија Јулчовска.

Порече немаше проблеми на гостувањето во Радовиш каде со 0:5 забележаа висока и убедлива победа. Хет-трик постигна Сара Матеска која двапати погоди во првиот дел, а еднаш во вториот дел, а пак капитенката Јована Ѓорѓиоска Блажеска беше двоен стрелец, погоди по една минута игра, а вториот гол го постигна во 62. минута.

Слободен забележа гостинска победа во Велес откако со 0:2 славеше над Борец, а херој на мечот беше капитенката Нина Алексовска, која во 8. минута го отвори резултатот за водство на тимот од Скопје, а во вториот дел Алексовска во 77. минута постигна гол за конечни 0:2.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 ➖ 2 2 0 0 12 0 +12 6
2 ЖФК КОНЗУЛИ ЈУНАЈТЕД ➖ 2 2 0 0 8 1 +7 6
3 ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 ➖ 2 1 0 1 9 5 +4 3
4 ФК Слободен/ЖФК ➖ 2 1 0 1 2 7 -5 3
5 ЖФК ПЛАЧКОВИЦА ➖ 2 0 0 2 0 8 -8 0
6 ЖФК БОРЕЦ ➖ 2 0 0 2 0 10 -10 0

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!