Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Г1 турнир во Полска, Мери Ацевска најдобра судијка на турнирот

Сподели
ФОТО: Instagram Macedonian Taekwondo Federation
Сподели

Нашата најдобра таеквондистка, Милијана Рељиќ, се закити со бронзен медал на силниот Г1 турнир што викендов се одржа во Полска. Успехот е дополнет и со признание за Мери Ацевска, која беше прогласена за најдобар судија на турнирот.

Рељиќ турнирот го отвори одлично, совладувајќи ја Аида Митровиќ од Австрија со убедливи 2-0 во рунди. Во четвртфиналето ја очекуваше вистинска драма против Хрватката Хелена Кичема. Македонската таеквондистка славеше со 2-1 во рунди, а во решавачката третa рунда победи со тесни 7:6. Тоа беше петти меѓусебен дуел на двете натпреварувачки, а Рељиќ води со скор од 4-1.

Во полуфиналето, сепак, Чехинката Петра Столбова беше посилна и со 2-0 во рунди ја запре Рељиќ на патот кон финалето.

Со ова бронзен медал, Мила освои нови 3,60 поени во олимписката ранг-листа и го продолжува својот поход кон остварување на големата цел – учество на Лос Анџелес 2028.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!