Прва лигаФудбал

Реми на дербито меѓу Струга Трим Лум и Шкендија – ВАР поништи два гола, Тиквеш конечно до триумф

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Вонредното 6. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе многу возбудувања. Дербито меѓу Струга Трим Лум и Шкендија заврши без победник (1-1), со ВАР-технологијата во главна улога, додека Тиквеш конечно ја запиша првата победа во новата сезона, минимално со 1-0 против Шкупи.

На стадионот во Струга, актуелниот шампион и тетовскиот гигант одиграа дуел кој ќе се памети по драматичното второ полувреме. По мирни први 45 минути, Тамба со прекрасен соло-потег донесе водство за Шкендија во 53. минута. Стружани веднаш возвратија со серија шанси, а поништениот гол заради офсајд беше најава за она што следуваше. Во 79. минута Марјан Радески сигурно реализираше пенал за 1-1. До крајот, ВАР двапати им го поништи водството на домаќините, а во последните секунди падна и спорна ситуација со Ибраими, кој побара пенал, но арбитрите останаа на став дека нема основа за најстрога казна. Со ремито, Струга остана лидер на табелата, додека Шкендија се искачи во горниот дел.

Во Кавадарци, пак, Тиквеш стигна до првата победа сезонава, совладувајќи го тимот на Шкупи со 1-0. Искусниот Берат Садик ја искористи грешката на одбраната на гостите и погоди во 27. минута. „Црвено-белите“ имаа над 25 удари кон противничкиот гол, но блескавата партија на голманот Гроте ги остави чаирчани во игра. Сепак, Германецот во финишот доби директен црвен картон за груб старт над Садик, што дополнително ја отежна ситуацијата за неговиот тим. Тиквеш со оваа победа стигна до пет бодови и излезе од кризата, додека Шкупи останува единствената екипа без освоен бод во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Владимир Павлов успешно го заврши IRONMAN 70.3 во Белград: 113 километри за 6 часа и 7 минути

Претседателот на Ротари клуб Кочани–Виница, Владимир Павлов, успешно го заврши големиот триатлонски предизвик IRONMAN 70.3 во Белград, Србија, постигнувајќи одлично време од 6...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Убедлив пораз: Женската репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби од Турција

Во последниот натпревар од УЕФА развојниот турнир за девојчиња до 15 години репрезентацијата на Македонија е совладана од Турција со 4:0. Со овој...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Познати судиите за првиот предизвик на Брера Струмица во младинската Лига на шампиони

Младинскиот шампион на Македонија, Брера Струмица, денес го започнува европскиот предизвик во...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!