Ракомет

Вардар и Охрид подготвени за машки дуел во „Борис Трајковски“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По ремито на тешкото гостување кај Алкалоид и убедливата победа во дербито со Струга, ракометарите на Охрид ги очекува нов предизвик — дуел против Вардар во рамки на третото коло од Супер лигата.

Тимот од Охрид во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочи со составот на Вардар, кој иако е во фаза на подмладување, останува сериозен конкурент. Од таборот на Охрид  мечот го најави новото засилување- Анте Иванковиќ, хрватскиот бек и МВП на турнирите во Струга и Охрид, и посочи дека тимот патува во Скопје максимално подготвен:

„Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани. Вардар е добра екипа со физички силни играчи. Имаме доста време за работа, подготовки и анализа на противникот. Очекувам тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. Покажавме дека знаеме да играме со квалитетни противници, не очекувам ништо помалку ни сега и ќе продолжиме така на секој меч“, вели Иванковиќ.

Средбата меѓу Вардар и Охрид ќе се одигра во сабота, на 20 септември, со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

 

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!