Ракомет

Бутел ги собра бодовите во СРЦ „25 Мај“ – нов пораз за Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Бутел дојде до првиот триумф во новата сезона откако вечерва во СРЦ „25 Мај“ го доби Радовиш во меч од 2. коло на ракометната Суперлига со резултат од 24:31. Радовишани имаа сили да парираат до 40-тата минута од мечот, кога потоа скопскиот тим одлепи и постојатно имаше плус пет предност.

Радовиш прв го отвори резултатот во СРЦ „25 Мај“ по две минути игра преку Васе Петров, но веднаш потоа Бутел влезе во ритам и направи серија од четири погодоци за водство од 1:4. Радовиш се обиде да се врати, но потоа скопскиот тим направи нова разлика на 3:7, па во 14. минута од натпреварот предводникот на домашниот тим, Александар Долдуров, побара тајм-аут.

Радовиш намали на 6:8, но одново Бутел одлелепи на нови три при 6:9 со што гостинот од Скопје не дозволуваше да дојде до ситуација да домаќинот превзема контрола над резултатот.

Голманот на Радовиш, Славјан Паунов, е вистински пантер- со неверојатна одбрана во првиот дел од натпреварот покажа дека им пркоси на годините.

Во 25. минута Радовиш дојде до 9:10 пред се благодарение на одлични интервенции на голманот Паунов, па поради тоа Горан Кузмано0ски бараш тајм-аут.

До крајот на првиот дел Бутел ја одржуваше предноста од два до три погодоци, а на пауза гостинскиот тим замина со предност од 11:14.

Во вториот дел се обиде да парира Радовиш, но Бутел не дозволи противникот резултатски да се доближи и постојатно ја билдаше разликата за мирна завршница од мечот. Разликата постојано се зголемуваше до конечни 24:31.

Радовиш го доживеа вториот пораз, а во следното коло го очекува тешко гостување кај Пролет, додека пак Бутел кој дојде до првите бодови во новата сезона во следното коло ќе игра против Прилеп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!