Прва женска фудбалска лигаФудбал

Минимална победа за Ас Јунајтед, Саса го освои Пржино, Тиверија Брера со три бода!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со три натпревари се отвори петтото коло во Првата женска фудбалска лига, а ќе се затвори со останатите два кои на програмата ќе бидат в среда.

Со голот на Кристина Мојсоска од белата точка постигнат во 4. минута од мечот екипата на Ас Јунајтед славеше минимална победа од 1:0 над Топ Гол од Битола.

Тиверија Брера прокнижи нови три бодови откако на гостувањето кај Речица славеше со 1:2 преку пресврт.

Емили Митковска постигна гол по пет минути игра за 1:0, а до крајот на првиот дел Данче Карпузовска постигна гол за 1:1 пред паузата.

Во второто полувреме Павлинка Николовска ги постави конечните 1:2.

Каменица Саса ја слави Бразилката Туане Де Соуза Фрагосо која со два погодоци донесе победа од 0:2 над Истатов, со што „рударките“ го освоија Пржино.

В среда екипата на Вардар ќе игра дерби со Кочани за први бодови, но и прв сезонски триумф, додека пак шампионот Љуботен ќе игра дерби со Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Лазаров го надмудри својот учител Червар – Алкалоид го урна Еурофарм Пелистер и се искачи на третото место!

Ракометарите на Алкалоид на домашен терен во го совладаа актуелниот вицешампион Еурофарм Пелистер со 30:28, во 11. коло од македонската ракометна Суперлига. Во...

Ракомет

ГРК Тиквеш ќе добие нов тренер, откако се раздели со Кристијан Грчевски

Суперлигашот ГРК Тиквеш ќе добие нов шеф на стручниот штаб, откако клубот од Кавадарци се раздели со Кристијан Грчевски, а одлуката за разделба...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска...

Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!