Трета лигаФудбал

Куманово, Пчиња и Башкими Љуботен со моќен почеток, дербито заврши без победник!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Голгетерски се отвори новата сезона во Трета лига – Север со погодоци на сите натпревари.

Најубедлива победа имаше екипата на Пчиња која на домашен терен со 5:0 го декласираше тимот на Беса од Слупчане. Стојановски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Димков и Тодоровски.

Куманово со убедлив триумф ја отвори сезоната откако во Доброшане со високи 4:0 го декласираше новиот третолигаш Беса од Сарај. Јавановски и Бакиевски беа стрелци за два гола предност на полувреме, а во вториот дел погодија Реџепи и Златковски.

Триумф од 0:4 славеше и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ кој во новата сезона најавува амбиции за влез во Втора лига, а го доби Студеничани на стартот од новата сезона.

Искусниот голгетер Орхан Мифтар постигна два гола, а по еден Митров и Јаневски.

Во дербито на колото меѓу Фортуна и БВК Коњаре немаше победник, а беа постигнати по еден гол за поделба на бодовите (1:1).

Берат Исмаил постигна гол во 26. минута за водство на гостинот, а во вториот дел Агон Исмаили ги постави конечните 1:1.

Кадино со голот на Далибор Николовски во 71. минута го доби тимот на Ржаничино на домашен терен.

Новиот третолигашот Отља со пораз ја започна сезоната, откако дома загуби од Аеродром со 1:2. За гостинот Стојановски и Апостоловски беа стрелци за 0:2 а полувреме, а во вториот дел Љиридон Реџепи ги постави конечните 1:2.

Башкими Љуботен со убедливи 5:1 го декласираше тимот на Лопате, кој е нов третолигаш.

Херој на мечот е Бејтула Авдулаи кој постигна четири гола, а еден гол постигна Мстафа Јусуфи во 89. минута, за гостинот единствен стрелец беше Биљали Хасан во 46. минута.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!