Трета лигаФудбал

Високи и убедливи победи за Речица и Напредок, Камјани и Доброшти со свои доминации!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

На стартот од новата сезона во Трета лига – Запад беа постигнати погодоци на сите натпревари, освен на мечот Порој каде новиот третолигаш Скендербеу и некогашниот прволигаш Ренова ремизираа без голови играјќи 0:0.

Доброшти славеше висока победа од 4:0 над Љуботен преку двата гола на Харис Сулимани и погодоците н Агон Хазими и Енсар Елези.

Камјани славеше гостинска победа над Дрита со резултат од 0:3 преку Хузри Џемаили кој погоди во 26. минута, а во финишот на мечот Сокол Исеини со два гола стави печат на силна победа.

Влазерими го доби дербито со Џепчишти со резултат од 2:1. Домашниот тим имаше два гола предност на полувреме, а стрелци беа Имери и Адили, а пак во вториот дел Зубери го ублажи поразот.

Речица забележа сигурна победа од 3:1 над Зајази на стартот од новата сезона. Иљази беше двоен стрелец за домаќинот, а гол постигна и Шасивари, а пак за гостинот Руфати беше единствениот стрелец.

Напредок на домашен терен забележа победа од 3:1 над Вардар од Брвеница, во меч каде домашниот тим имаше два гола предност на полувреме, а стрелци беа Котевски и Калевски.

На стартот од вториот дел Даутоски зголеми на три гола предност, а Спироски во 80. минута ги постави конечните 3:1.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!