Трета лигаФудбал

Превалец со шест гола го декласираше Млекар, пукна „петарда“ во Крушево

Сподели
ФОТО: Превалец - Млекар
Сподели

Новата сезона во Трета лига – Југ донесе погодоци на сите натпревари од првото коло, но на самиот старт од сезоната екипата на Слога од Лажани се откажа од натпреварување, а во рамки на првото коло слободна беше екипата на Башкими од Јаболчиште.

Превалец на убедлив и импресивен начин ја отвори новата сезона и најави дека ќе атакува на првото место кое води кон бараж за Втор алига откако на домашен терен со убедливи 6:0 го декласираше составот на Млекар, кој е новак во лигата.

Кристијан Маневски постигна три гола, а по еден постигнаа Александар Јордановски, Марјан Стефановски и Димче Ставревски.

ФОТО: Екипата на ФК Превалец

Тешко се освојува Крушево, екипата на Питу Гули со „петарда“ го декласираше Дреново (5:0): Унча Бојаџиески беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ѓорѓи Стрезовски, Оливер Велевски и Даниел Нечовски.

Во Кривогаштани паднаа четири погодоци за дебакл на Младост на стартот од новата сезона, откако Ултрас лесно прокнижи три бода. Бобан Тошески беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Дарио Наумовски и Дино Варошаноски.

Бучин со голот на Виктор Глушески во 33. минута славеше минимална победа од 1:0 над Венец од Долни Дисан.

Влазними Јуниор го слави Самир Салиу бидејќи со неговите два погодоци тимот славеше победа од 2:0 над новиот третолигаш Тополка.

Бојан Миланов го реши натпреварот меѓу Росоман и Борец, за минимална победа на домашниот тим од 1:0.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!