Трета лигаФудбал

Славеј Мешеишта тргна победнички, големи победи и за Света Троица и Караорман

Сподели
Сподели

Денес со натпреварите од првото коло започна новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а веднаш на стартот видовме голгетерски мечеви и изненадувања.

Славеј од Мешеишта победнички ја започна новата сезона откако славеше со пресрт над Кравари со 1:2. Домашниот тим преку Сашко Лазаревски има гол предност на полувреме, а во второто полувреме, Климент Гиновски израмни, а Даниел Корокоски во 71. минута донесе пресврт и победа за гостите.

Влазними во Демир Хисар славеше со убедливи 2:5. За домашните двоен стрелец беше Димитар Трајковски, додека за гостите два пати погоди Денис Шадов, а по еднаш Аљтин Лога, Елидон Рочи и Ерјон Амети.

Новакот во лигата, Могила, ја отвори сезоната со висока победа од 0:5 на гостувањето кај Велешта Јунајтед. Стрелци беа Антонио Спироски, Мики Талевски кој даде два гола, Хакан Алимовски и Драган Мицески.

Света Тројца на новиот стадион кај поранешната касарна во Охрид славеше со 3:2 против новиот третолигаш Напредок од Ношпал. Гостите поведоа преку Владе Јанакиевски, но со головите на Хадис Сулејмани, Никола Миткоски и Климент Филев домаќините направија пресврт на полувреме. Јанакиевски со втор погодок во вториот дел само го ублажи поразот.

Поранешниот второлигаш Караорман славеше со 4:2 против Кораб од Дебар. Искусниот Ивица Ќелешоски двапати ја погоди мрежата, а по еден гол постигнаа Ненад Балоски и Игор Клечкароски. За Кораб двоен стрелец беше Фатјон Леши.

Првото коло покажа дека оваа сезона ќе биде исполнета со голови, неизвесни натпревари и силна конкуренција во југозападниот регион.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!