Останато

Македонија со двајца атлетичари на Светското првенство во атлетика во Токио

Сподели
ФОТО: АФМ
Сподели

Двајцата македонски атлетичари, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова Рашиќ, се во завршни подготовки за своите настапи на Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио. Тие ги дознаа термините за своите маратонски трки на големата атлетска сцена.

Прва ќе настапи Адријана Поп Арсова Рашиќ, која ноќва од 00:30 часот по македонско време ќе ја истрча својата трка во женската маратонска конкуренција. Неа ќе ја следи Дарио Ивановски, кој 24 часа подоцна, во исто време, ќе се натпреварува во машкиот маратон.

Ивановски е најдобриот македонски атлетичар во последните години, со бројни победи и рекорди на домашната сцена, додека Поп Арсова е меѓу најперспективните маратонки во земјата. За двајцата ова ќе биде голем предизвик и можност да се натпреваруваат со најдобрите светски атлетичари на една од најпрестижните спортски манифестации.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!