РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот за контролни натпревари на Македонија до 18 години

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари: на 13. септември против Индонезија во Банско, Бугарија, и на 17. септември против Унгарија на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот Димитар Капинковски за овие пресметки повика 23 фудбалери:

  • Голмани: Александар Трајков (Брера), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.)

  • Одбрана: Андреј Димовски (АП Брера), Стефан Стаматовски (Вардар), Павел Марковски (Црвена Звезда, Србија), Стефан Секирски (Беласица), Рочи Албан (Воска), Мухамед Мустафи (Ст. Гален, Швајцарија), Матео Кесиќ (Јединство УБ, Србија)

  • Среден ред: Габриел Талески (АП Брера), Иван Танчев (АП Брера), Бојан Велков (АП Брера), Иво Маркоски (Вардар), Давид Ангелески (Пелистер), Јован Мрмачковски (Пелистер), Душан Заев (Црвена Звезда, Србија), Флори Иљази (Шкендија), Флорен Османи (Арсими), Мартин Горгиев (АП Брера)

  • Напад: Матеј Сејменов (АП Брера), Стефан Бујаровски (Вардар), Стефан Бранкоски (Марибор, Словенија), Дамјан Буцевски (ИМТ, Србија)

Овие натпревари ќе бидат можност за младите надежи да се подготват за идните квалификации и да ја покаже својата форма пред предизвиците на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Дерби на Саса и Скопје, Истатов со Ржаничино, Љуботен кај Билјанини Извори, Вардар против Пелистер

Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во првата фаза од Купот слободна ќе биде екипата на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Виолета Јанчева ќе им суди на Плачковица и Билјанини Извори, Милош Алексиќ на Башкими и Менада

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од првото воведно коло на новата сезона во Втората женска фудбалска лига. Утре со...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска го предаде четвртфиналето во Парма поради повреда

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Судијата Даниел Шлагер ќе ја дели правдата на Македонија – Швајцарија

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалерките до 17 години поразени од Црна Гора на вториот контролен натпревар

Женската репрезентација на Македонија до 17 години претрпе пораз од Црна Гора...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!