РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Градскиот стадион во Радовиш го положи тестот – следуваат два нови репрезентативни натпревари!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 6 септември одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина во Радовиш, а со тоа Градскиот стадион повторно беше домаќин на едно национално фудбалско случување по цели три децении.

Последен пат, во април 1995 година, младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра меч против Бугарија, кој заврши со убедлива победа од 7-2.

Со успешната организација на дуелот против Босна и Херцеговина, стадионот во Радовиш докажа дека располага со одлични услови – квалитетен терен, добра инфраструктура и сигурна организација на мечеви од репрезентативен карактер. Фудбалската федерација на Македонија го оцени домашниот испит на најдобар можен начин, па како потврда за тоа, Радовиш ќе биде домаќин на уште два нови натпревари.

ФОТО: Спортска Мрежа | Натпреварот меѓу Македонија – Босна и Херцеговина (У-21) на Градскиот стадион во Радовиш

На 16 и 18 април, љубителите на фудбалот во Радовиш ќе имаат ретка прилика повторно да уживаат во репрезентативна атмосфера, овој пат со настапите на селекцијата на Македонија до 17 години која ќе се соочи со Кипар.

ФОТО: Спортска Мрежа | Натпреварот меѓу Македонија – Босна и Херцеговина (У-21) на Градскиот стадион во Радовиш

За градот, ова е голем спортски настан, а за македонскиот фудбал – уште една потврда дека низ целата држава постојат услови за организација на врвни натпревари.

ФОТО: Спортска Мрежа | Натпреварот меѓу Македонија – Босна и Херцеговина (У-21) на Градскиот стадион во Радовиш


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!