РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 17 години поразена од Италија – игравме со играч помалку!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години денеска во Италија го отвори пријателскиот турнир со натпревар против домашната селекција. Покрај Македонија и Италија, на турнирот учествуваат и Словенија и Република Ирска.

Избранките на селекторката Катерина Милеска одиграа дисциплинирано и борбено, но беа поразени со 2:0. Италијанките ги постигнаа погодоците во 30. и 75. минута. Дополнителен проблем за Македонија беше исклучувањето на голманката Евгенија Вељановска во 43. минута, по што нашата селекција повеќе од едно полувреме играше со играч помалку.

И покрај тоа, младите фудбалерки покажаа карактер и борбеност за националниот дрес, успевајќи да одржат рамнотежа и да спречат повисока победа на фаворизираната Италија.

Наредниот предизвик за Македонија е утрешниот дуел против Република Ирска, кој ќе започне од 17 часот.

Пријателскиот турнир во Италија претставува подготовка за квалификацискиот турнир – рунда 1 за пласман на Европското првенство до 17 години. Од 23 до 29 октомври, Македонија ќе игра во Хрватска, во група со домаќинот, Италија и Финска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер лигата, а пред мечот со Алкалоид кој ќе се игра во...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, откако во Охрид ја совлада Србија со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!