РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев го објави списокот на фудбалери У17 за двомечот со Кипар

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на 16 и 18 септември во Радовиш ќе одигра два контролни натпревари против врсниците од Кипар.

Селекторот Владимир Колев за овие пријателски дуели повика вкупно 22 фудбалери:

Голмани: Даријан Денковски (Македонија Ѓ.П.), Ринор Цека (Шкендија), Амин Суловиќ (Скопје).

Одбрана: Мартин Џангаров (Македонија Ѓ.П.), Филип Цветковски (Вардар), Вилијам Ангеловски (Вардар), Алекса Јазагиќ (Македонија Ѓ.П.), Марко Иванов (Копер, Словенија), Јаков Ангелов (Викторија, Германија), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Алек Чедомирски (Македонија Ѓ.П.), Анес Бајрами (Шкупи).

Среден ред: Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Лука Георгиев Јасмин (Македонија Ѓ.П.), Андреј Цветковски (Вардар), Лука Кнежевиќ (Македонија Ѓ.П.), Сонер Ракипи (Шкендија), Марко Мирчевски (Охрид), Илија Паласкаров (Кожув), Ендрид Ганиу (Приштина, Косово), Дарин Михајловски (Македонија Ѓ.П.), Руфати Сеид (Шкендија).

Напад: Васко Папалиски (Парк), Благојче Седлоски (Парк), Иса Мустафа (Парк).

Првиот натпревар ќе се одигра на 16 септември од 15:30 часот, додека вториот е закажан за 18 септември од 13:00 часот – двата на градскиот стадион во Радовиш.

Овие тестови ќе бидат важна подготовка за квалификацискиот турнир за Европското првенство, кој Македонија ќе го организира во октомври. Наши противници ќе бидат Унгарија (8 октомври), Чешка (11 октомври) и Гибралтар (14 октомври).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер лигата, а пред мечот со Алкалоид кој ќе се игра во...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, откако во Охрид ја совлада Србија со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!