Ракомет

Каков старт на сезоната: Лудо реми на Алкалоид и Охрид во Автокоманда

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во салата „Автокоманда“ стартуваше новата сезона во ракометната Суперлига со вистински трилер. Алкалоид и ГРК Охрид одиграа драматичен натпревар кој заврши без победник — 24:24.

Гостите од Охрид беа подобар ривал во првиот дел и на полувреме заминаа со предност од два гола (11:13). Сепак, на почетокот од второто полувреме тимот на Кирил Лазаров блеснаа и со серија од шест последователни погодоци направија голем пресврт за водство од 19:15.

Но, охриѓани не се предадоа. Со цврста одбрана и сигурни реализации успеаја да се вратат во игра, а во последните секунди натпреварот доби вистинска драма. Анте Иванковиќ погоди за водство на Охрид, но само три секунди подоцна Карасманакис израмни за конечни 24:24.

Најефикасни кај Алкалоид беа Урош Борзаш со 6 гола и Монси Тордарсон со 5, додека кај Охрид се истакнаа Дарко Ѓукиќ со 5 гола и Анте Иванковиќ со 4. Одличен натпревар одигра и голманот Бојан Блажески, кој забележа 10 одбрани.

Во следното коло Охрид ќе ја пречека Струга во езерскиот дерби-двој, додека Алкалоид гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Илами Исејни го објави списокот на македонската репрезентацијата до 17 години

Селекторот на националниот тим до 17 години, Илами Исејни го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за настап на контролните...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија на 26 септември во Скопје. По премиерата на домашен терен, избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!