РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станиќ по натпреварот со Италија: Штета за поразот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија до 21 година забележа пораз од Италија (0:1) во Битола во квалификациите за Европското првенство. Иако имавме играч повеќе уште од 35. минута, младите „аѕури“ постигнаа гол и заминаа со победа.

На прес-конференцијата по натпреварот, селекторот Горан Станиќ ја даде својата анализа:

„Најпрво сакам да упатам благодарност до градот Битола за одличната организација. Италија е фаворит во групата и тоа е јасно. Почетокот на мечот ни беше тежок, слично како против Полска, преголем респект кон противникот. Подоцна се ослободивме и игравме многу подобро, дури имавме моменти кога бевме рамноправни или и поквалитетни од нив. За жал, повторно сме казнети од наша невнимателност во одбраната. Италијанците такви грешки не простуваат. Ние создадовме повеќе шанси, имавме удари, но недостасуваше реализација. Ако не постигнуваме голови, тогаш попусто е и целата тактичка подготовка. Се надевам дека играчите во своите клубови ќе добиваат доволно простор и ќе напредуваат, бидејќи во репрезентацијата нема многу време за работа.“

Македонската младинска селекција следните натпревари ќе ги одигра во октомври против Ерменија и Црна Гора.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските биатлонци ги започнаа подготовките, следуваат настапи на европската сцена

Македонската биатлон репрезентација ги започна зимските подготовки за претстојната сезона. Сениорската екипа...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

По шесте порази, Македонија чека нова шанса: во петок ждрепка за опстанок во Б-дивизијата

Македонската фудбалска репрезентација ја затвори групната фаза во Лигата на нации без...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!