Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија стартува во евро-претквалификациите – прв ривал Азербејџан!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација е подготвена за нов предизвик – претквалификациите за Евробаскет 2029!

Избраниците на селекторот Марјан Илиевски ќе го започнат циклусот на 27 ноември на домашен терен против селекцијата на Азербејџан, во рамките на првото коло од групата „А“.

Веќе на 30 ноември, нашите кошаркари ќе гостуваат во Ирска, а првиот ФИБА „прозорец“ ќе биде затворен со натпреварот на 27 февруари следната година, кога Македонија повторно дома ќе ја пречека Луксембург.

Следува реванш против Азербејџан на 2 март, додека во јулскиот прозорец нашите ќе ја пречекаат Ирска на 2 јули, за потоа циклусот да го завршат на гостување кај Луксембург на 5 јули 2026.

  • РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА – ГРУПА „А“

27.11.2025 → Македонија – Азербејџан

30.11.2025 → Ирска – Македонија

27.02.2026 → Македонија – Луксембург

02.03.2026 → Азербејџан – Македонија

02.07.2026 → Македонија – Ирска

05.07.2026 → Луксембург – Македонија

Македонија има цел – пласман во следната рунда квалификации и враќање на големата сцена на европската кошарка. Очекуваме борбени мечеви и полни трибини уште од првиот дуел во ноември!

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1 во сетови. Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 17 години ремизираше со Црна Гора, два гола за радовишанката Глорија Тодорова

Македонската женска репрезентација до 17 години во првиот од двата контролни натпревари...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!