Ракомет

Начевски и Николов ќе го судат дербито ПИК Сегед – Висла Плок, Митревски и Тодоровски ќе го судат дуелот Алборг – Веспрем

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Најдобрите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го добија своето прво задолжение во новата сезона од Лигата на шампионите.

Македонскиот судиски пар е делегиран да го суди дербито од првото коло меѓу ПИК Сегед и Висла Плок, кое ќе се одигра во Унгарија на 11 септември (четврток) со почеток од 18:45 часот. Делегат на натпреварот ќе биде Јанко Пожежник од Словенија.

Покрај Николов и Начевски, во првото коло ќе судат и македонските арбитри Димитар Митревски и  Благојче Тодоровски, кои ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Алборг и Веспрем.

Во исто време, германските арбитри Шулце и Тобиес ќе бидат задолжени за натпреварот меѓу македонскиот првак Еурофарм Пелистер и Загреб.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига. Фудбалерот на Охрид...

Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во бокс во Софија, откако во полуфиналната борба беше...

Поврзани написи
Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!