Втора женска фудбалска лигаФудбал

Вардар домаќин на Порече, Кочани против дебитантот Слободен, Плачковица домаќин на Борец

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло на Втората женска фудбалска лига. Вардар на домашен терен како голем фаворит ќе игра против Порече од Македонски Брод.

Минатата сезона Вардар беше вицешампион, но не го помина баражот за влез во Првата лига, а оваа сезона борба за првото место ќе води со фаворитот Кочани.

Токму Кочани кој што е со максимален учинок на домашен терен ќе игра против дебитантот Слободен, во меч каде квалитетот е преголем и сосема очекувана ќе биде големата победа на Кочани во дуелот со Слободен, екипа која за првпат се натпреварува во Втората женска фудбалска лига.

Плачковица на домашен терен ќе игра против Борец, екипа која тргна катастрофално во новата сезона и има голем негативен учинок. Плачковица ќе биде фаворит за трите бодови против Борец кој е на дното од табелата и засега без бодови со скор од четири порази во низа, постигнати само три погодоци, а примени дури 37 погодоци.

Билјанини Извори на домашен терен како фаворит ќе игра против Победа Валандово. Трите бодови се императив за домашниот тим со цел да се вмеша сериозно во трката барем за второто место кое води кон баражот за Прва лига.

  • ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА 4. КОЛО:

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот, освен мечот во Скопје меѓу Вардар и Порече кој ќе стартува во 12 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната беше отворена ефикасно со дури шест погодоци. Пчиња победнички тргна откако...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!