ФудбалФутсал

Конзули против Овче Поле, Победа ќе биде домаќин на Карадаку, Кораби против Партизан Југ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Со натпреварите од првото коло викендот започнува новата сезона од Втората футсал лига на Македонија во која ќе се натпреваруваа 13 екипи. Борбата ќе биде за првите две места кои директно водат кон пласман во Првата футсал лига на Македонија.

Сезоната стартува со три натпревари кои се играат в сабота. Конзули од Битола ќе игра против ланскиот прволигаш Овче Поле, но наместо овој меч да се игра во Битола ќе се одигра во Свети Николе, па практично тоа ќе значи дека Овче Поле само формално ќе биде гостин.

ССК на домашен терне ќе игра против Балкан, додека пак во Дебар ќе се соочат Кораби и Партизан Југ од Брвеница.

Во недела ќе се одиграат два натправари. Во Прилеп екипата на Победа ќе го пречека ланскиот прволигаш Карадаку, додека пак во Штип ќе се соочат Мал Ајакс и Кратово.

Колото ќе се затвори в понеделник со мечот во Струга меѓу Енхалон и СЕЕ Университи, а во првото коло слободна ќе биде екипата на Каришиака.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!