Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Берат Имери е нов тренер на прволигашот Беса од Добри Дол

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Изјава за Спортска Мрежа
Сподели

Дебитантот во Првата фудбалска лига екипата на Беса од Добри Дол официјално го назначи Берат Имери за нов шеф на стручниот штаб.

Имери доаѓа како наследник на Александар Таневски, со кого клубот спогодбено се раздели. Во претходниот период Беса беше предводена од Бурим Садики кој беше привремен тренер. Клубот разговараше со повеќе тренери, но Берат Имери седнува на тренерското столче на Беса.

Имери последно ја водеше Воска Спорт од Охрид екипа со која направи историски резултат, откако успеа од Втора лига за прпват да ја внесе во Првата македонска фудбалска лига.

Беса е дебитат во фудбалската елита на Македонија со планови и проекти кои се демелат на долгорочна основа.

45-годишниот стратег од Тетово веќе утре ќе го има првиот тренинг со новата екипа, а своето деби на тренерското столе со Беса ќе го има на мечот против Вардар на домашен терен на Градскиот стадион во Гостивар.

Беса во моментот е на деветтото место со девет бодови на своето конто.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната беше отворена ефикасно со дури шест погодоци. Пчиња победнички тргна откако...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!