РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во четврток во Радовиш против БиХ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во четврток, 4 септември, на Градскиот стадион во Радовиш ќе се одигра контролен натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години против врсниците од Босна и Херцеговина.

Ова ќе биде ретка можност за радовишани да проследат репрезентативен натпревар во нивниот град. Со организацијата на вакви пријателски средби, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покажува дека мисли и на помалите средини, овозможувајќи им на љубители на фудбалот од регионот да ја следат младата селекција на Македонија во живо.

Дополнително, ваквиот настан ќе биде голем мотив за младите фудбалери од Радовиш и околината да продолжат со напорна работа, со надеж дека еден ден ќе го облечат дресот на репрезентацијата.

Натпреварот започнува во 16:00 часот и ќе биде првиот од двата контролни дуели против БиХ. Вториот пријателски меч ќе се игра на 6 септември во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“.

Селекторот на младата репрезентација, Ерхан Селими, за овие два пријателски натпревари ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Онур Бешир (Тетекс), Павел Трајковски (Партизан, Србија).

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид Стојаноски (Браво, Словенија), Лука Атанасовски (Детонит), Андреј Мурџески (Вардар), Назиф Цека (Шкендија), Емир Шаботиќ (Вардар).

Среден ред: Каменчо Андоновски (АП Брера), Кренар Хоти (Работнички), Марко Киш (Сесвете, Хрватска), Ариф Локи (ХБ Коге, Данска), Ненад Дамјаноски (Домжале, Словенија), Виктор Делов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкупи).

Напад: Игор Ристов (АП Брера), Дитмир Хоџа (Работнички), Стефан Младеновски (Црвена Звезда, Србија), Кадри Брути (Шкупи).


Македонската репрезентација до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за Елитната фаза од квалификациите за Европското првенство. Турнирот ќе се одржи од 12 до 18 ноември во Португалија, каде нашите млади фудбалери ќе се соочат со домаќинот Португалија, како и со Белгија и Естонија.

Претходно, на 9 и 12 октомври, младите „рисови“ ќе одиграат и два контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Томовски блескаше со 16 интервенции, Магдебург сепак пресилен

Македонскиот репрезентативен голман- Мартин Томовски повторно имаше забележителна вечер во германската Бундеслига, овојпат на исклучително тешкото гостување кај Магдебург. Иако Битигхајм не успеа...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалски празник во Пепелиште – Победа и Вардар Неготино ги поделија бодовите

Вистински фудбалски празник донесе третото коло на Трета лига регион 4 во Пепелиште, откако се соочија Победа и ланскиот второлигаш Вардар Неготино, во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија со победа над Хрватска до второто место на „Трофеј Македонија“

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на „Трофеј...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски со Гаштаров од првата минута против Швајцарија

Селекторот Гоце Седлоски го одреди стартниот состав на Македонија за вечерашниот натпревар...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Црна Гора ја совлада Србија, за трофејот во Охрид ќе „одлучува“ Македонија

Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Србија со 20-19 во последниот натпревар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!