ИнтернационалциФудбал

Шкендија храбро се бореше, но Лудогорец подобар – тетовци со европска есента во групната фаза на Конференциската лига

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија не успеа да се избори за историски пласман во групната фаза од Лигата на Европа, откако на гостувањето во Разград беше елиминиран од Лудогорец по продолженија со конечни 4-1 (вкупно 5-3). И покрај поразот, тетовските „црвено-црни“ ќе продолжат европската авантура, но во групите на Конференциската лига.

Домашниот тим го отвори натпреварот силно и уште во 9. минута поведе преку Куртулус, кој најдобро се снајде по одбиена топка од голманот Гаје. Притисокот на Лудогорец продолжи и во 24. минута Ивајло Чочев ја удвои предноста со прецизен удар за 2-0.

Во второто полувреме, избраниците на Јетон Беќири одиграа многу подобро и успеаја да се вратат во игра. Во 64. минута, капитенот Бесарт Ибраими одлично го проигра Фабрис Тамба, кој со ладнокрвна реализација намали на 2-1 и ја врати неизвесноста.

До крајот на регуларните 90 минути имаше уште возбудувања – во 87. минута Гаје со неверојатна интервенција ја спаси Шкендија од нов гол, додека само минута подоцна Тамба беше пред шанса за историско водство, но неговиот обид беше изблокиран во последен момент.

Натпреварот замина во продолженија, каде силите на Шкендија попуштија. Во 98. минута, Текпетеј со прецизен удар од далечина донесе ново водство за Лудогорец, а пред крајот на мечот Биле погоди за конечни 4-1.

Иако тетовци сонуваа за групната фаза од Лигата на Европа, тие есента ќе играат во групите на Конференциската лига. Ова е значаен успех за македонскиот клупски фудбал, бидејќи Шкендија станува вториот клуб по Вардар (2017) кој ќе игра во групната фаза на европско натпреварување.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!