ИнтернационалциФудбалФутсал

Форца со убедлив старт во квалификциите од Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: КФМ Форца
Сподели

Македонскиот футсал шампион Форца со стил ја започна прелиминарната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите. Во првото коло од групата А, избраниците на Газмент Исеини одиграа сигурен и доминантен меч, совладувајќи го Енкамп, тим од Андора со убедливи 0:4.

Македонскиот првак ја отвори средбата со водство од 0:1 по првото полувреме, а во вториот дел целосно ја презеде контролата врз играта. Со агресивен пристап и бројни шанси, Форца успеа да реализира уште три погодоци и заслужено стигна до првите три бода во групата.

Херој на натпреварот беше Јакуп Рамадани, кој се истакна со два погодоци, додека по еден гол постигнаа Берат Рамадани и Хесус Ривас.

ФОТО: Пред почеток на натпреварот Форца – Енкамп

Во следното коло, Форца ќе се сретне со тимот на Мурата од Сан Марино, меч кој се игра вечер од 20:30 часот, а групната фаза ќе ја затвори со дуел против Ереван од Ерменија.

Македонскиот шампион со ваков старт најави сериозна амбиција за пласман во следната рунда од елитното европско натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!