Турнири

Спектакуларно четвртфинале на „Јосифовско Лето 2025“ – најдобрите осум екипи во борба за големата титула!

Сподели
Сподели

Во селото Јосифово продолжува спортската еуфорија – оваа година се одржува 32-то традиционално издание на турнирот во мал фудбал „Јосифовско Лето 2025“, кој е симбол на летната забава и спортскиот дух во југоисточна Македонија. Турнирот стартуваше на 8 август, а овој викенд следува вистински спектакл – четвртфиналето!

На популарното „Јосифовско Лето“ ќе се судрат најдобрите осум екипи кои обезбедија место во оваа фаза.

  • Петок, 22 август

Дим Метал – Кеги Моби

Агро Смарт – Еклер Транс

  • Сабота, 23 август

Фреинт Оне Блик Мак

Дивино – Железарец

Организаторите најавуваат вистински дерби пресметки и богата спортска програма, а интересот кај публиката е огромен. Се очекува стадионот да биде исполнет до последното место.


Во осминафиналето видовме вистинска голеада, Агро Смарт славеше со 5:3 против Тобако Лени, Железарец беше убедлив со 5:2 над Кафе Бар Фиори, Дим Метал со возбудливи 6:4 го елиминираше Баламов Компани, а пак Кеги Моби доминираше со 9:2 против Автокалер Даниел

Фреинт Оне со „лото“ победа го откажа тимот на Црна Река со 7:0, Дивино убедливо го совлада Жак Транс со 4:1, додека пак Еклер Транс ја декласираше Алупласт Василев со 6:1.

  • Паричен фонд:

🏆 Прво место: 180.000 денари
🥈 Второ место: 100.000 денари
🥉 Трето место: 50.000 денари
🏅 Четврто место: 20.000 денари

Организацијата е поддржана од бројни спонзори, а Спортска Мрежа оваа година за првпат е медиумски покровител на настанот, а од Јосифово најавуваме и ексклузивна емисија посветена на овој голем спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!