Ракомет

Гргиќ: Бевме уморни, но сепак успеавме да победиме за бронза во Охрид!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во мечот за третото место на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, силите ги одмерија екипите на Вардар и Нексе од Хрватска.

Натпреварот беше изедначен од самиот почеток, но сепак на крајот, подобри беа гостите од Хрватска и го освоија третото место на турнирот.

Веднаш после натпреварот, за Спортска Мрежа, своите впечатоци за натпреварот, ги изрази средниот бек на Нексе- Мислав Гргиќ.

„Ова за нас беше петти натпревар, па затоа се чувствуваше не само физички, туку и психички замор во текот на целиот меч, но ете сепак успеавме некако да изиграме и да победиме на крај“, – констатира бекот на Нексе.

Исто така, изрази големо задоволство од организацијата на целиот турнир, како и квалитетот на екипите.

„Што се однесува до турнирот, супер е организирано сè, има одлични екипи и презадоволни сме од времето поминато во Охрид“, – вели Гргиќ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!