Останато

Марко Алексовски младиот тенисер со успешна серија настапи во Европа

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски го заврши настапот на четвртиот турнир како дел од тимот на ITF–Tennis Europe, проект финансиран од Grand Slam Development Fund. Со своите игри и резултати, Алексовски целосно ја оправда довербата и достојно ја претстави Македонија на меѓународната сцена.

На последниот турнир, одигран во Аликенте, тој стигна до четвртфиналето, каде што дуелот со Португалецот Франциско Сардиња го предаде уште во првиот сет при водство на противникот од 4:1. Причина за тоа беа болките во мускулите предизвикани од напорниот распоред и континуираниот настап без ден за одмор. Инаку, токму пред една недела Алексовски успеа да го совлада истиот противник.

Во конкуренцијата на двојки, заедно со Сардиња, македонскиот тенисер играше полуфинале, но двојката беше поразена од Чесите Ондреј Кацин и Тобиас Запски со 2:0 во сетови (7:5, 6:3), иако во првиот сет имаа предност од 5:3 во гемови.

Алексовски во изминатите четири недели настапи на четири силни турнири за играчи до 14 години:

  • во Германија (турнир од суперкатегорија) стигна до третото коло,

  • во Белгија беше полуфиналист,

  • во Барселона го освои турнирот,

  • а во Аликенте играше четвртфинале.

Со ваквите настапи, Марко Алексовски уште еднаш потврди дека припаѓа на европската тениска сцена и дека Македонија има голем потенцијал во неговиот талент.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!