Прва женска фудбалска лигаФудбал

Грозданова со хет-трик за голема победа на Истатов над Ас Јунајтед, градското дерби во Битола без победник!

Сподели
Сподели

Со три натпревари денес беше отворено вонредното 8. коло од Првата женска фудбалска лига, кое донесе седум погодоци во Струга за изненадување и голем триумф на Истатов од 3:4 над Ас Јунајтед.

Меланија Грозданова е херојот за тимот на Истатов, откако постигна три погодоци со што практично таа беше најзаслужна за оваа голема победа на Истатов над фаворитот Ас Јунајтед до која дојде преку пресврт откако на полувреме резултатот беше 3:1.

Јована Павловска во 11. минута погоди за 1:0, а Грозданова израмни на 1:1 во 22. минута. До крајот на мечот искусната голгетерка Улза Максути со два гола обезбеди 3:1 по првите 45 минути.

Во второто полувреме се случи комплетна промена во играта кај гостинот, кој преку Грозданова во 70. минута дојде до 3:2 и со тоа се врати во игра барам за бод, а Канита Емини во 82. минута израмни на 3:3, а тоа понуди атрактивна завршница во Струга.

Кога сите мислеа дека исходот ќе биде поделба на бодовите Грозданова во 93. минута стрелаше за конечни 3:4 и комплетен пресврт за победа на Истатов.

Градското дерби во Битола заврши без победник откако Атлетико и Топ Гол ги поделија бодовите откако одиграа реми без погодоци (0:0).

Скопје 2014 со „петарда“ ја среди Речица за висока победа од 5:0. Мила Панева беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Сара Коларовска, Кристина Крстева и Сара Евтинџиоска.

Колото ќе се комплетира утре со мега дербито меѓу Тиверија Брера и Љуботен, дерби кое се игра утре на Општинското фудбалско игралиште со вештачка трева во Струмица со почеток од 15 часот, каде главен судија ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!