ФудбалЧетврта лига

Слободен со ДЕВЕТ гола го декласираше ССК Младинец, лото победа за Зелениково во ОФЛ Кисела Вода!

Сподели
Сподели

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од второто коло на Општинската фудбалска лига во Кисела Вода или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Второто коло донесе многу погодоци на петте натпревари беа постигнати 29 погодоци.

Најмногу погодоци постигна Слободен кој со 9:0 го декласираше ССК Младинец, во натпревар каде Петар Деспотовски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Ѓунер Јусуфи, Седат Сали, Реџеп Бислим, Емир Бакијов, Петар Петрушевски и Никола Миновски.

Овој натпревар се одигра под рефлектори што е за поздравување со оглед дека Првата и Втората лига не нудат натпревари под рефлектори, но затоа може да се ужива во меч под рефлектори во Четврта лига. Во оваа сезона само еден меч се одигра под рефлектори од Втората лига и неколку во Првата лига.

Висока победa однесе и тимот на Зелениково кој со 1:7 славеше над Вардар 75, кој беше немоќен на домашен терен да парира против расположение противник.

За домашниот тим Марко Маркоски беше единствен стрелец, додека пак за гостинот двојни стрелци беа Ивица Продановаски, Ивица Милевски и Горан Огњановски, а пак Антонио Најдовски си постигна автогол.

Ланскиот третолигаш ССК Нова на домашен терен загуби од екипата на Победа 2012, во меч каде за домашниот тим Џаферовски беше единствен стрелец, а за гостинот стрелаа Георгиевски, Маркоски и Димитриевски.

Текстилец на домашен терен доживеа висок пораз од екипата на Кул Здравје со резултат од 0:3, а стрелци беа Дончевски во 41. минута, Паднев во 70. минута и Џајкоски во 73. минута.

Екипата на Студеничан со 5:0 го декласираше тимот на Славија Пржеино, во меч каде Зејди Шабани беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Емини, Касами и Кадри.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!