Младински фудбалРепрезентацијаФудбалска репрезентација

Медин Емини незапирлив – постигна 4 гола во победата од 5:0 над Црна Гора

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 16 години запиша уште една убедлива победа во контролниот двомеч против Црна Гора. На вториот натпревар одигран на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, нашите млади надежи славеа со високи 5:0 и на тој начин ја потврдија својата надмоќ.

Херој на мечот беше напаѓачот Медин Емини, кој постигна дури четири погодоци. Првиот го реализираше во 22. минута по асистенција од Адеми, а вториот на пет минути пред крајот на првото полувреме за предност од 2:0. Во вториот дел продолжи шоуто на Емини – со гол во 41. минута тој запиша хет-трик, а во 61. минута одзеде топка од противничкиот дефанзивец и со прецизен удар ја погоди празната мрежа за 4:0.

Конечните 5:0 ги постави Стефан Ристиќ во 77. минута, кој по убав продор на Крстевски ја затресе мрежата на гостите.

Селекторот Исејни направи неколку измени во стартниот состав во споредба со првиот натпревар, кој Македонија исто така го доби со 3:0, но и покрај тоа нашите млади фудбалери повторно покажаа доминација и целосна контрола на играта.

Со двата триумфа против Црна Гора, генерацијата У16 покажа дека располага со голем потенцијал и талентирани фудбалери кои претставуваат светла иднина за македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!