Ракомет

Трнавац блесна на голот, Партизан ја доби драмата со Нексе!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Српскиот шампион Партизан го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со голема победа, совладувајќи го хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со 26-24 во драматичен натпревар одигран во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ одиграа борбен и квалитетен меч и направија крупен чекор кон финалето на турнирот. Главен херој на „црно-белите“ беше голманот Андреј Трнавац, кој приреди вистинско шоу на голот со неверојатни 22 одбрани, од кои два пенали, и беше клучниот човек за триумфот на белграѓани.

Во првиот дел се играше гол за гол, без позначајна предност за ниту една екипа. Партизан успеа на полувреме да замине со минимална предност (12-11), но во второто полувреме благодарение на сигурноста на Трнавац и прецизните удари на Сергеј Иванов, кој беше најефикасен со осум погодоци, српскиот тим се одлепи на плус четири (19-15).

ФОТО: Спортска Мрежа

Иако Нексе во еден момент остана со тројца играчи поради погрешни измени и приговори, хрватскиот состав покажа борбеност и успеа да се врати во игра, намалувајќи на 15-15, а потоа и на само гол негатива на самиот финиш. На 25-24, Чирковиќ побара тајм-аут, по кој Иванов со нов погодок ја потврди победата на белграѓани.

Кај Партизан, покрај Иванов, се истакна и Анѓелковиќ со пет гола, додека кај Нексе најефикасен беше Цениќ со шест погодоци, а Лучин постигна четири.

Ова е прва историска победа за Партизан над Нексе во нивните пет меѓусебни средби, што ја прави уште повредна. Со овој триумф, српскиот шампион се наоѓа во одлична позиција во групата и во следниот дуел ќе игра за финале против домаќинот ГРК Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со убедливи 32-23 против Горење – девет гола предност пред реваншот!

Ракометарите на Алкалоид направија голем чекор кон пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако на домашен терен го совладаа словенечкиот Горење Велење...

ФудбалФутсал

Вечерва Кочани слави голема победа: Фудбал Старс Ауто Велт со 12 гола со сруши лидерот Каршиака, Балкан го освои Штип

Лидерот во Втората футсал лига вечерва го доживеа првиот сезонски пораз откако загуби во Кочани од Фудбал Старс Ауто Велт, меч кој понуди...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид со убедливи 32-23 против Горење – девет гола предност пред реваншот!

Ракометарите на Алкалоид направија голем чекор кон пласман во осминафиналето на ЕХФ...

Ракомет

Блажески со 15 одбрани го предводеше Охрид до осминафинале: „Овие два натпревари ги одигравме максимално!“

Охрид ја потврди својата европска амбиција и втора сезона по ред обезбеди...

Ракомет

ФОТО: Охрид меѓу најдобрите 16 во Европа – „гладијаторите“ со две убедливи победи го елиминираа Драгунас!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи на европската сцена. Македонскиот суперлигаш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!