Турнири

Голгетерска вечер во Волино: Инекс Олгица со трилер победа, Чардак Велгошти со сигурна победа, службени бодови за „мечињата“

Сподели
Сподели

На турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“ кој се игра во Волино, вечерва се одиграа возбудливи и ефикасни натпревари.

Дооел Ноче славеше над Блу Фиш со 2:4, додека Чардак Велгошти во драматичен дуел го совлада Мартиник Мебел со минимални 2:3. Вистинска голеада се случи на дуелот меѓу Инекс Олгица и Спа и АД Галеб, каде „хотелиерите“ триумфираа со спектакуларни 7:5.

Последниот натпревар донесе службена победа за Гостилница кај Мече против екипата на Македонија со резултат 1:0.

Распоред за утре – Среда, 20.08.2025

20:00 Хотел Тино – Турист Инжинеринг
21:00 Мешеишта – Кутмичевица Вевчани
22:00 Аце Најдески – Лаз Бун
23:00 Оровник Танче Мирчески – Дејан Војвода

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството. Се работи за фудбалска...

Поврзани написи
Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК...

Турнири

Каменица Саса го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Екипата на Каменица Саса од Македонска Каменица го потврди учеството на меѓународниот...

Турнири

Во среда се отвара турнирот во мал фудбал „Демир Хисар 2026“, многу екипи и силна конкуренција

Во среда се отвара овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Демир...

Турнири

ФК Кожуф од Гевгелија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!