Кошарка

Ања Начевска го продолжува патот во Србија – нов предизвик во Мега Баскет

Сподели
ФОТО: www.fiba.basketball
Сподели

Македонската кошаркарска надеж Ања Начевска ќе ги напушти редовите на Вардар и ќе го продолжи развојот во соседна Србија, каде што ќе го носи дресот на амбициозниот тим Мега Баскет.

Начевска, која ги мина сите младински категории на „црвено-црните“ и настапуваше и за сениорскиот тим, со своите резултати и талент се искачи меѓу најдобрите македонски кошаркарки.

Во изминатите години со младинските тимови на Вардар освои бројни титули и МВП признанија, а во минатата сезона освои злато во М18 лигата и домашниот Куп.

Во 2023 година беше избрана за најдобра млада кошаркарка во Македонија, а на само 15 години дебитираше за сениорската репрезентација. Пред еден месец, за време на Европското јуниорско првенство, беше во конкуренција за МВП на турнирот.

ФОТО: КФСМ

Мега Баскет, клуб основан во 2009 година, се наметна како еден од најсилните клубови во Србија, освојувајќи го Купот на Србија во 2021 и 2024 година, како и шампионската титула во 2023 година.

Овој трансфер за Начевска е голем чекор во нејзината кариера и голем поттик за клубот кој се стреми кон нови успеси.

Со ова, Ања продолжува да го гради својот пат кон врвот на кошарката, претставувајќи пример за младите таленти од Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Прилеп го објави распоредот за плеј-оф и плеј-аут: финалето на 13 мај

Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп го објави официјалниот распоред за завршницата од сезоната, односно натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот, кои ќе го дадат шампионот...

Ракомет

Четвртфинале со тежина: Вардар 1961 против европскиот гигант- Монпелје

Македонскиот шампион Вардар 1961 вечерва го отвора четвртфиналниот двомеч во Европската лига со гостување кај францускиот гигант Монпелје – дуел што носи тежина...

Поврзани написи
Кошарка

Пелистер со моќна партија во Аеродром – закажа полуфинале со МЗТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на...

Кошарка

Успешно беше реализиран кошаркарскиот караван за најмалите кошаркари и кошаркарки во Гевгелија

Викендов успешно беше реализиран кошаркарски хепенинг за најмладите кошаркари и кошаркарки кој...

Кошарка

Бутел со херојски „брејк“ во Штип обезбеди финале за влез во Супер лигата

Екипата на Бутел направи голем чекор кон елитата, откако со победа од...

Кошарка

Пелистер убедливо против лидерот ТФТ – отворена е трката за првото место

Екипата на Пелистер запиша убедлива победа во дерби натпреварот од третото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!