Ракомет

Од утре стартува турнирот „Крсте Андоновски“ – ракометен спектакл во Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид и оваа година ќе биде центарот на квалитетниот ракомет, каде почнувајќи од утре- 19 Август, па сè до 23 Август ќе се одржи традиционалниот турнир „Крсте Андоновски“.

Вкупно осум екипи ќе се борат за титулата, а натпреварите ветуваат голема доза на возбудување.

Домашната ракометна сцена ќе биде претставена од Охрид- како организатор, како и од македонските гиганти – Еурофарм Пелистер и Вардар.

Меѓу странските учесници повторно ќе ги гледаме добро познатите српски тимови – Партизан и Динамо Панчево, како и хрватскиот Нексе Нашице. Свој настап ќе има и екипата Киндил од Фарските Острови, а турнирот ќе биде збогатен и со учеството на словенечкиот Тримо Требње, како замена за грчки АЕК.

Групите се веќе формирани:

• Група А: Охрид, Партизан, Нексе и Киндил

• Група Б: Вардар, Еурофарм Пелистер, Тримо и Динамо Панчево

Кулминацијата на турнирот ќе биде на 23 август, кога од 20:00 часот е закажано големото финале.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!